Ако го јадете без премногу маснотии или други додатоци, нема да имате проблеми. Еве зошто компирот не ја заслужува лошата репутација
Можеби сте чуле дека компирот дебелее, па го консумирате многу помалку, но оваа намирница всушност има многу предности.
Ако го јадете без премногу маснотии или други додатоци, нема да имате проблеми. Еве зошто компирот не ја заслужува лошата репутација.
Го снижува притисокот
Компирот е одличен извор на калиум, а само еден компир содржи четири пати повеќе калиум отколку бананите. Калиумот е од суштинско значење за хидратизација на телото и помага за намалување на крвниот притисок.
Компирот го стимулира варењето на храната и заситува
Компирите се богати со влакна, па е добро ако се подготвени во рерна заедно со кората. Еден компир содржи околу седум грама растителни влакна, поради што дава долготрајно чувство на ситост, но, исто така, го стимулира варењето на храната. Истражувањата покажуваат дека јадењето компири го намалува ризикот од срцев удар и висок холестерол.
Содржи витамин Ц
Во кората на компирите има солидна количина на витамин Ц, околу 29 мг во еден поголем компир, што е околу половина од потребната дневна доза. Ова е причината зошто компирот треба да се јаде за да го подигнете имунитетот, а помага и за побрзо зараснување на раните.
Ги штити коските
Компирот содржи манган, кој има важна улога во процесирањето протеини, јаглехидрати и холестерол. Тој исто така штити од остеопороза. Еден компир содржи околу 33 проценти од дневната препорачана доза на манган.
Богат е со витамин Б6
Компирот содржи витамин Б6, кој игра важна улога во кардиоваскуларното здравје, како и во варењето на храната, имунитетот, создавањето мускули. Еден компир содржи 46 проценти од препорачаната дневна доза на овој витамин.