Турјанскиот компир “Eко” e произведен на Турјанската висорамнина на 1.200 метри надморска висина. Почвата која била недопрена скоро 65 години дава извонредни резултати за самата прихрана на растението како и на клубените. Она што е значајно за производсвото на овој продукт е тоа што компирот од ова поднебје ќе биде со посебни обележја поради здравата и чиста околина карактеристична за турјанската висорамнина. На стотици километри наоколу нема никакво индустриско загадување а самата надморска височина и оддалеченост од патните сообраќајници ќе биде доволна гаранција за неприсуството на олово карактеристично при согорувањето во авто сообраќајот. Според сознанијата од месното население во минатото
производството на овој продукт давал извонредни приноси и квалитет, и тоа со примитивни средства и агро мерки со кои се располагало. Почвата има pH вредност од 6,4 до 6,6, со идеална влажност од самата утринска роса која ја создава самата надморска височина и природата на ова поднебје. Почвата ги содржи и сите хемиски елементи за одгледување на „Eко„ Турјанскиот компир што придонесува за извонредниот вкус и квалитет. Составот на почвата, нејзината влажност и температура е следена со најсовремени апарати што ни овозможи производот да се одгледува во идеални услови. Сончевите денови се постојани на ова поднебје што ја прави Турјанскатависорамнина уникатна за производство на компир. Производството е реализирано со современа технологија и техника според највисоки Европски стандарди. За нашето производство е користен искучителен високо квалитетен семенски материја од холадско потекло. Неговата намена е подеднакво квалитетна за готвење, печење, помфрит и чипс. Исто така Турјанскиот компир „Еко“ е со стекнат сертификат од фитосанитарната инспекција, како и сертификат од Институтот за Јавно здравје дека е потполно здрав и без никакви тешки метали, идеален за Вашата трпеза.