За нас


Компанијата е основана во почетокот на 2014 година од приватен капитал со регистрирана дејност – Мешовито фармерство. Компанијата и целокупното производство се сместени на подрачјето во атарот на селото Турје кое припаѓа на општина Дебарца и се наоѓа на неколку километри од магистралниот пат Кичево-Охрид. Земјоделските површини се сместени на 1.150 метри надморска висина на подрачјето на Турјанската висорамнина која е сеуште недопирлива од било какви загадувања. Компанијата располага со над 30-тина хектари земјоделско земјиште од кое добар дел ќе биде искористено за органско производство на здрава храна со применена на најсовремените европски стандарди. Исто така со организирање на плантажно производство на дрвото Paulownia ќе се производуваат високо калорични енергетски производи од обновливи извори.

Предизвик за компанијата е да одговори на барањата на потрошувачите и секогаш да оди чекор напред во препознавањето на нивните желби. Нашите купувачи се во центарот на нашето внимание затоа што преку нив нашите брендови го наоѓаат својот пат до секој дом во Македонија и уживаат во квалитетот на она што ние го создаваме. Она што ја прави Агро-Тур посакуван деловен партнер е нашиот постојан стремеж да дадеме најдобра услуга и производи со највисок квалитет на нашите купувачи. Континуирано се трудиме да се прилагодиме на постојаните промени на нивните потреби.



Нашата визија е насочена кон руралниот развој, односно враќање кон природата и облагородување на пространите земјоделски површини на Турјанската висорамнина која е идеална не само за водење на бизнисот, туку истовремено претставува непресушен извор на идеи кои може да ги даде чистата и недопрена природа.



Мисијата на компанијата е максимално да се искористат компаратвните предности кои ќе произлезат од наизглед неповрзаните идеи за производство на наведените продукти и создавање на една економска репро целина која меѓусебно ќе се надополнува искористувајќи ги сите нивни предности и погодности. Основната идеја е да се создадат производи кои во потполност ќе ги задоволат желбите и потребите на потенцијалните потрошувачи. Секој потрошувач да го препознае својот производ. Секој производ да биде препознатлив бренд кој припаѓа на тој потрошувач.

„Разликата е во квалитетот е мотото на компанијата што целосно го одразува секој пооделен производ.



Создавање на палета на производи според желбите и потребите на потрошувачите:

  • Турјански компир произведен на 1.200 метри надморска висина, со карактеристично препознатлив вкус и извонреден квалитет подеднакво добар за готвење, печење, помфрит и чипс;
  • Природен мед од цветот на дрвото „Paulownia“ создаден на најчистите пасишта, далеку од било какво загадување;
  • Енергетски производи, односно високо калорични пелети произведени од обновливи извори овозможено со плантажно производство на дрвото Paulownia;
  • Производство на техничко дрво, од видот „Paulownia Elongata”
  • Органско производство на аронија и гоџи бери.